Турција денеска објави декрет со кој на претседателот му се пренесуваат нови овластувања, по менување на парламентарниот во претседателски систем. Со декретот се менуваат повеќе закони, меѓу кои и закони од 1924 година, со кои овластувањата од премиерот и од владините минситри се префрлаат на претседателот.
Минатата година на референдум Турците изгласаа земјата да го воведе претседателскиот систем. Со ова се укинува премиерската функција, а претседатлот Реџеп Таип Ердоган добива право да именува и да менува министри и други јавни функционери без одобрување од парламентот. „Ројтерс“ укажува дека турската влада досега издала неколку декрети заобиколувајќи го парламентот откако во земјата е воведена вонредна состојба по обидот за пуч во 2016 година. Ердоган вети дека ќе ја укине вонредната состојба по изборите што се одржаа на 24 јуни.