Млазниот авион од турско производство наменет за обука „Хурџет“ е претставен на овогодишниот меѓународен саем во Фарнбороу, во околината на Лондон, јави агенцијата Анадолија.
Турската индустрија за авијација и вселена го произведе „Хурџет“ во рамките на проектот за развој на млазен авион за обука и давање поддршка а ќе биде заокружен во 2023 година
Должината на авионот е 13,4 метри, крилата ќе имаат распон од 11 метри, а висината на опашката ќе изнесува четири метри.