Свет 08. септември 2018. / 10:11

Турција неутрализира тројца терористи на ПКК

Турција неутрализира тројца терористи на ПКК

Најмалку тројца вооружени припадници на терористичката организација ПКК се неутрализирани во воздушен напад на турската Војска во подрачјето на Харкук, во северен Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).

Во соопштението на Генералштабот на Армијата на Турција е наведено дека вчера бил изведен напад на подрачјето на Хакурк во северниот дел на Ирак, при што биле неутрализирани тројца терористи на ПКК. Наведено е дека терористите се подготвувале за напад на турските бази.

ПКК е сепаратистичка организација која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Европската Унија и Соединетите Американски Држави (САД). Во текот на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК се одговорни за смртта на најмалку 40.000 луѓе.