Србин бил пронајден обесен во хотелска соба во Тунис, пренесува српски „Курир”.
Според првичните информации, полицијата се сомнева дека станува збор за самоубиство.
Како што соопштила полицијата од Тунис, не се знаело каде била неговата сопруга за време на немилиот настан.
Телото на починатиот било однесено во локалната болница каде ќе биде направена аутопсија.