Канадскиот премиер, Џастин Трудо, познат како голем поддржувач на правата на жените, е обвинет за сексуално вознемирување на новинарка кое наводно се случило пред 18 години.
Пред неколку дена во Канада се рашири веста за обвинение за сексуално вознемирување против премиерот Трудо. Политичкиот коментатор Ворен Кинсела минатиот месец на „Твитер“ објави напис од 2000 година, од весникот Creston Valley Advance, во кој се наведува дека Трудо ѝ се извинил на локална новинарка поради непристојно допирање.
Сепак, вчера изјави дека во тој период ѝ се извинил на новинарката.
„Многу внимателно размислував на она на што се сеќавам во врска со инцидентот што се случи пред речиси 20 години и, повторувам, сигурен сум дека немаше несоодветно однесување од моја страна“, изјави Трудо за новинарите во Торонто.
„Сепак, го почитувам тоа дека некој друг можеби различно го доживеал тој настан. Ако подоцна сум се извинил, тоа е затоа што сум добил впечаток дека новинарката не се чувствувала сосема удобно во нашата интеракција“, рече Трудо и додаде дека ниту еден член на неговиот тим не се обидел да контактира со новинарката бидејќи сметале дека тоа би било соодветно.
Новинарката претходно годинава за Си-би-ес изјави дека не сака медиумите да го објавуваат нејзиниот идентитет во понатамошното покривање на оваа приказна. За време на инцидентот, Трудо не бил политчки ангажиран, но во Канада бил познат како син на поранешниот премиер Пјер Трудо.