Канадскиот премиер Џастин Трудо истакна дека неговата Влада ќе бара одговори за авионската несреќа во Иран кога во падот на украинскиот авион загинаа 63 Канаѓани.
– Канада е многу загрижена, рече Трудо – истакнувајќи дека 138 патници во авионот биле поврзани со Канада.
Во авионот имало повеќе меѓународни студенти, кои студирале на универзитети ширум Канада, едни младенци и четиричлено канадско семејство.
Трудо посочи дека неговата влада им се обратила на меѓународните партнери и оти разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп во средата.
На прашањето дали може да каже дали авионот бил соборен или не, Трудо одговори дека е премногу рано за шпекулации.
Канадскиот премиер истакна дека семејствата на жртвите од Канада сакаат и заслужуваат одговори