Уште 41 патник на јапонскиот крузер е заразен со корона вирус, со што е вкупниот број заразени е зголемен на 61 лице. Во меѓувреме продолжува тестирањето на останатите патници.
Крузерот „Дајмонд Принцес“ со 3.700 патници е ставен во карантин веднаш по пристигнувањето во пристаништето Јокохама во понеделникот, откако беше откриен корона вирус кај човек кој во јануари во Хонгконг го напуштил тој брод.
Тестирани се 273 лица, од кои 61 се позитивни на коронавирусот. Тестираните патници покажале симптоми или биле во близок контакт со луѓе кои ги развиле симптомите, соопшти јапонското Министерство за здравство.
Дополнителни тестови ќе бидат спроведени доколку другите патници почнат да покажуваат симптоми на болеста. Пациентите ќе бидат пренесени во болници во Токио и во соседните градови.