Свет 27. февруари 2020. / 22:57

Тројца турски војници загинале во судир со сириските сили во Идлиб

Тројца турски војници загинале во судир со сириските сили во Идлиб

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, соопшти дека тројца турски војници загинале во северозападна Сирија при судир на турските и сириските сили. Истовремено, Ердоган наведе дека „загубата од страна на сирискиот режим е многу тешка“.

Турското Министерство за одбрана претходно соопшти дека двајца турски војници загинале, а двајца се ранети во напад од воздух во провинцијата Идлиб, каде во судирите на турските и сириските сили од почетокот на февруари загинаа 20 турски војници.

Сириските сили со поддршка на силите на сојузниците од Русија од половината на декември водат офанзива против бунтовниците и џихадиските групи во таа провинција што предизвика тензии со Турција која има војници во таа област.

Опозициската Сириска опсерваторија за човекови права соопшти дека бунтовничките групи, меѓу кои некои имаат поддршка од Анкара, го преземале градот Саракеб во Идлиб.

Сириската офанзива исто така предизвика криза меѓу Турција и Русија, која ги поддржува владините сили.

Руска делегација вчера пристигна во Анкара на разговори со турските власти во Идлиб.