Неколку лица се повредени денеска во напад со нож во холандскиот град Хаг, на улицата позната по бројни продавници, соопшти холандската полиција. Во тек е потрага по напаѓачот.
Полицијата соопшти дека се во потрага по маж на возраст од 45-50 години, давајќи опис на холандски термин што се применува за луѓе од северноафриканско потекло.
Мажот носи шал, црна јакна и сива тренерка велат од полицијата.
Полицијата соопшти и дека на местото на настанот се служби за итна помош.