Тројца планинари загинаа на Монт Еверест, соопштија денеска организаторите на експедицијата, со што бројот на жртви се искачи на седум, од почетокот на сезоната за качување.
– Уште двајца индиски планинари настрадаа вчера на Еверест. – истакна Мира Ахарја, портпаролката на непалската туристичка служба за АП. Организаторите на експедицијата потврдија и трет смртен случај.
Голем број на планинари моментално чекаат ред за качување на Монт Еверест.
Двајцата Индијци настрадале за време на враќањето од највисокиот планински врв. Еден австралиски планинар настрадал недалеку од врвот, исто така на враќање.