Свет 27. февруари 2020. / 21:50

Тројца нови починати: Билансот на жртви од корона вирус во Италија се искачи на 17

Тројца нови починати: Билансот на жртви од корона вирус во Италија се искачи на 17

Уште три лица починаа како последица на коронавирусот во Италија, со што бројот на жртвите во земјата се зголеми на 17, соопшти Агенцијата за цивилна заштита.

Бројот на потврдени заразени случаи денеска изнесува 650 лица.

Поголемиот број од заразените се од Ломбардија и Венето, во северниот дел на Италија.