Првите лауреати на највисокот научно признание во светот, Нобеловата награда, се Вилијам Каелин, Сер Питер Ретклиф и Грег Семенза, коишто ја заслужија наградата за нивните истражувања за тоа како клетките се адаптираат на достапноста на кислород.
Со нивното прогласување, почна неделата на Нобеловите награди.
Утре ќе биде соопштен добитникот на наградата за физика, во среда за хемија, во четврток за литература, и добитникот на Нобелова награда за економија ќе биде соопштен во понеделник.
Нобеловата награда за мир ќе биде објавена во петок во Осло, а најголем фаворит е активистката против климатските промени Грета Тунберг.
Шефот на Институтот за истражување на мирот во Осло Хенрик Урдал изјави дека е „сосема неверојатно„ 16-годишната активистка да ја освои наградата, додавајќи дека нејзината возраст работи против неа. Најмладиот лауреат на Нобелова награда за мир е Малала Јосафзај, која ја доби наградата во 2014 година на 17-годишна возраст.
Еден од најверојатните добитници на Нобеловата награда за мир е премиерот на Етиопија Аби Ахмед, кој склучи мировен договор со Еритреја. Можно е наградата да ја добие и невладината организација „Репортери без граница“.
Паричната вредност на секоја награда е еден милион шведски круни (833.000 евра).