Свет 26. јануари 2020. / 11:58

Триесетина загинати во поплави во Бразил

Триесетина загинати во поплави во Бразил

Дводневните обилни врнежи од дожд во југоисточен Бразил предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, при што загинале најмалку 30 луѓе, соопштија властите во земјата.

Според официјалните лица за цивилна заштита, 17 луѓе се пријавени за исчезнати, додека 2.600 луѓе биле евакуирани од нивните домови во бразилската држава Минас Жeраис.

Во Бело Хоризонте, главниот град на таа држава, за 24 часа наврна најголемо количество дожд досега евидентирано.

Гувернерот на таа држава Ромеу Зема утре ќе ги посети погодените области за да ја процени штетата.