Свет 14. декември 2018. / 10:11

Три жени се избодени со нож во Нирнберг

Три жени се избодени со нож во Нирнберг

Три жени се избодени со нож во одделни напади во Нирнберг, а германската полиција во моментов испитува дали овие инциденти се поврзани.

Полицијата вели дека засега нема показатели оти нападите имаат врска со тероризам.

Засега не е познато зошто напаѓачите ги повредиле жените синоќа во населбата Свети Јоханис.

Првата жртва е 56-годишна жена, која после нападот била оперирана. Неа на улица ја нападнал човек кој потоа побегнал.

Останатите два напада се случиле околу три часа подоцна, речиси еден по друг.

Во овие напади, повредени се 26-годишна девојка и една 34-годишна жена која се здобила со повреди опасни по живот, пренесува агенцијата АП.

Полицијата соопшти дека не ја отфрла можноста оти исто лице ги извршило сите три напади.