Три лица загинаа, а неколкумина се повредени во турканица која се случила синоќа во дискотека во хотелот „Гринвејл“ во северноирскиот град Кукстаун.
Неколку десетици млади луѓе се собрале да го прослават денот на Свети Патрик, кога од засега непознати причини започнало туркање, во кое три лица го загубија животот.
Повредените се префрлени во локалните болници, а еден од нив се наоѓа во критична состојба.
Помошник шефот на полицијата на Северна Ирска, Марк Хамилтон изјави дека причината за инцидентот не се знае, но постојат индиции дека дошло до уривање во дискотеката.