Свет 08. април 2018. / 11:10

Три лица се убиени во приватен автобус во американската сојузна држава Илиноис

Три лица се убиени во приватен автобус во американската сојузна држава Илиноис

Уште еден вооружен напад се случи во САД, при што три лица се убиени во приватен автобус за забава во Рокфорд, во американската сојузна држава Илиноис, соопшти локалната полиција.

Напаѓачот се уште не е уапсен, но полицијата соопшти дека се трага по 22-годишниот Рахим Кинг од Рокфорд, јави локалниот весник „Рокфорд реџистер стар“.

Осомничениот ги убил жртвите со автоматска пушка.

За сега не е познато колку луѓе имало во автобусот, а очевидци изјавиле дека преживеаните истрчале од автобусот, бегајќи од напаѓачот.

Возачот на автобусот повикал полиција, а жртвите се уште не се идентификувани.