Свет 18. ноември 2018. / 14:19

Три лица го организирале убиството на новинарката во Малта

Три лица го организирале убиството на новинарката во Малта

Истражителите идентификувале група од најмалку тројца жители на Малта за кои се верува дека го организирале убиството на новинарката Дафне Каруана Галиција, објави денеска „Сандеј тајмс Малта“.

Нивните имиња не се објавени, но се истакнува дека истрагата е во многу напредна фаза, објави Ројтерс.

Каруана Галиција беше убиена во октомври минатата година кога беше поставена бомба под нејзиниот автомобил.

Неделникот пишува дека мотивите за убиство се непознати, но се претпоставува дека постојат неколку поради кои тројца мажи се обвинети за организирање на убиството. Засега не е откриено дали организаторите се од криминален, политички или бизнис-сектор.