Во изминатите 24 часа во САД се регистрирани нови 69.000 лица коишто се заразиле со корона вирус, што е трет ден по ред како се регистрирани рекорден број на новозаболени луѓе.
Во девет американски сојузни држави – Алјаска, Џорџија, Ајдахо, Ајова, Лујзијана, Монтана, Охајо, Јута и Висконсин пријавени се рекорден број на заразени лица во еден ден.
Во САД во изминатите седум дена починаа над 4.200 луѓе од последици од новиот коронавирус, а експертите предупредуваат дека ситуацијата може да продолжи да се влошува од ден во ден – објави „Вашингтон пост“.
Досега во САД се заразени над 3,1 милиони луѓе, а болниците во сојузните држави, кои се жаришта на заразата, се пренатрупани.
Расте бројот на заразени лица со Ковид-19 во последните две недели во 44 американски сојузни држави.