Свет 01. март 2020. / 21:45

Трет ден по ред Папата Франциск ги откажа аранжманите поради настинка

Трет ден по ред Папата Франциск ги откажа аранжманите поради настинка

Денес, трет ден по ред,  папата Франциск ги откажа формалните ангажмани поради очигледна настинка, јави БТА.

За седум години, 83-годишниот Франциск,  никогаш не  откажал  толку многу официјални аудиции или настани. Сепак, тој продолжува да работи од својот дом во Ватикан и прифаќа поединци, соопшти прес-службата на Светиот Престол.

Денес тој оствари лични состаноци со поглаварот на Ватиканското собрание за епископи, со неговите амбасадори во Либан и Франција и со украинскиот архиепископ.

Беа откажани две официјални еднодневни аудиции – формална постапка во Апостолска палата, каде Франциск  мораше да одржи говор и да поздрави голем број луѓе на крајот.