Свет 14. декември 2020. / 15:04

Трет бран на коронавирус во Полска?

Трет бран на коронавирус во Полска?

Полска се соочува со реална закана од трет бран на пандемијата на коронавирусот, изјави денеска полскиот министер за здравство, Адам Ниедзиелски.

Тој рече дека ќе препорача рестриктивните мерки што се во сила во моментов да се продолжат најмалку до 17 јануари.

Полската Влада се очекува утре да го донесе националниот план за вакцинација против коронавирусот.