Свет 17. јули 2018. / 09:46

ТРАМП ЗА СЕВЕРЕН ПОТОК 2: Со Меркел разговараме со силни тонови, со Русија ќе се натпреваруваме

ТРАМП ЗА СЕВЕРЕН ПОТОК 2: Со Меркел разговараме со силни тонови, со Русија ќе се натпреваруваме

По заедничките изјави на Трамп и Путин по нивната средба во Стокхолм, тие оставија да бидат поставени неколку прашања. Првото  се однесуваше на Севрен поток 2 и еве го одговорот на Доналд Трамп:

На неодаменшната турнеја низ Европа рековте дека поради Северен поток 2, Европа станува заложник на Русија, и сугериравте дека можете да ја ослободите Европа од ова со снабдување со американска енергија, но студената зима покажа дека овој модел на снабдување на Европа е во ред. Истовремено, САД купуваат руски гас за Бостон. Дали имплементацијата на вашата идеја има политичка или практична линија? И, уште едно прашање, пред средбата го нарековте Путин ривал, а сега велите дека сакате да ги подигнете односите на повисоко ниво?

Доналд Трамп: Јас всушност го нареков натпреварувач и тоа добар и мислам дека зборот е комплимент.  И ние ќе се натпреваруваме околу гасоводот. Јас не мислам дека тоа е во најдобар интерес на Германија, но тоа е одлука што тие ја донесоа. Како што знаете САД се или ќе бидат најголеми во светот на гасот и нафтата, мислам дека веќе сме најголеми,  и ние ќе се натпреваруваме и мислам дека ќе се натпреваруваме успешно, иако тие имаат предност поради местоположбата. Како што знаете, јас им посакав среќа, разговаравме со Ангела Меркел со прилично силни тонови. Тие имаат близок извор и ќе видиме како сето тоа ќе функционира.

Но, ние имаме повеќе извори сега, САД се различни отколку што беа пред неколку години во однос на тоа што можеме да екстрахираме и ние сме број еден во светот во тоа.

И ќе се натпреваруваме прилично силно.