Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека сака неговата втора средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун да се одржи по изборите за Американскиот конгрес, закажани за 6 ноември.
Трамп изјави дека во моментов е премногу зафатен со изборната кампања, во која тој агитира за републиканските кандидати, но информираше дека во тек се подготовките за втората средба со ким и дека во план се неколку локации.
Средбата најверојатно нема да биде во Сингапур, каде што се одржа првата летово, а може да биде во САД или во Северна Кореја, прецизираше американскиот претседател.