Свет 06. јануари 2021. / 21:28

Трамп твитна „останете мирни“ откако поддржувачите упаднаа во Сенатот

Трамп твитна „останете мирни“ откако поддржувачите упаднаа во Сенатот

Актуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, кој во повеќе наврати претходно ги повика своите призврзаници да маршираат кон Сенатот за да побараат од Конгресот да ги поништи изборите, апелираше преку твит демонстрантите да „останет мирни“.

Полицијата пред Сенатот не беше во можност да ја задржи толпата народ пред зградата, од кои некои успеаа да влезат внатре. Со заклучување на Домот и Сенатот во зградата, Трамп побара „поддршка“ за полициските сили кои се обидуваат да одржат ред, пренесува Вашингтон пост.