Свет 12. ноември 2018. / 14:22

Трамп со порака на твитер и одржа лекција на Калифорнија за пожарите

Трамп со порака на твитер и одржа лекција на Калифорнија за пожарите

Американскиот претседател, Доналд Трамп, на Твитер ја објасни својата теорија за вистинските виновници за катастрофалниот пожар во Калифорнија.

Како што е соопшти Си-ен-ен, Трамп со пораката предизвикал гнев кај сиде шефови на противпожарните одделенија. Неговата порака гласи:

„Нема друга причина за овие масивни, смртоносни и скапи шумски пожари во Калифорнија, освен дека стопанисувањето со шумите е многу лошо. Милијарди долари се даваат секоја година, со толку многу изгубени животи, а сето тоа поради катастрофално лошото стопанисување со шумите. Исправи го тоа веднаш или нема веќе федерални плаќања по оваа основа“.