Свет

Трамп со критики против НАТО: Дали САД ја напушта алијансата?

Трамп со критики против НАТО: Дали САД ја напушта алијансата?

Сакам само праведност за САД, ние плаќаме премногу за НАТО. НАТО е многу важна за нас, но НАТО и помага на Европа повеќе од нејзината помош кон нас.

Сега сме до точка каде луѓето плаќаат многу повеќе пари и тоа почна минатата година  и минатата година имавме големо влијание. Повторно зедовме  33 милиони долари повеќе. Генералниот секретар Столтенберг ни даде целосна доверба, што многу ми значи,  затоа што  реков дека тоа што се случува сега не е фер.. Низ годините од преседателот Роналд Реган до Барак Обама , дошло до точка кога САД плаќале 90 отсто од НАТО и тоа не е фер. Тоа сега се смени, денеска имавме навистина добар состанок, во смисла да се справиме со тоа. Ги познавам најголемиот дел од луѓето во просторијата од минатата година и половина, што сме биле на власт , но имаме одлични односи. Сите во таа просторија до времето кога заминавме, се собраа и се согласија да платат повеќе и тие се согласија да ја платат побрзо, изјави Трамп на пресконференцијата во НАТО.