Претседателот на САД, Доналд Трамп смета дека ќе постигне одличен трговски договор со Кина, но предупреди дека има подготвено нови тарифи вредни милијарда долари во случај да не биде постигнат договорот.
„Мислам дека ќе направиме одличен договор со Кина и тој мора да биде одличен бидејќи тие ја искористија нашата земја“, рече Трамп за „Фокс њуз“.
Претседателот на САД наведе во интервју дека би сакал договорот да биде постигнат сега, но дека Кина не е подготвена.
„Блумберг“ извести во понеделникот дека Вашингтон е подготвен да ги објави тарифите на останатиот увоз од Кина до почетокот на декември, доколку разговорите помеѓу Трамп и неговиот колега Си Џинпинг следниот месец не успеат да ја ублажат трговската војна.
САД веќе воведоа тарифи на кинеската роба вредна 250 милијарди долари, на што Кина одговбори со реципрочни царини на американската роба вредна 110 милијарди долари.