Свет 06. ноември 2020. / 18:24

Трамп се уште има шанси за победа – ќе се пребројуваат гласовите во Џорџија

Трамп се уште има шанси за победа – ќе се пребројуваат гласовите во Џорџија

Во Џорџија ќе се пребројуваат гласовите, Трамп се уште има шанси за победа!

Државниот секретар, Бред Рафенспрегер изјави дека неговата држава, која носи 16 гласови во изборниот колеџ и би му донела победа на Бајден, се уште не може да се прогласи за негова.

Менаџерот за надгледување на изборниот систем, Габриел Стерлинг, додаде дека разликата помеѓу гласовите на Трамп и Бајден изнесува приближно „колку едно големо средно училиште“. Таа рече дека кандидатите можат да побараат пребројување на гласовите веднаш штом изборниот резултат ќе биде објавен и сите гласови ќе бидат пребројани, под услов резултатите да бидат до максимална разлика од 0.5%.

Резултатот и исходот од оваа држава ќе биде познат дури на крајот на Ноември. Заклучно со денес, Џорџија објави 99% од гласовите и Бајден го надмина водството на Трамп за само 1,098 гласови.

Стерлинг рече дека преостанати се 4,169 гласачки ливчиња кои треба да бидат пребројани и затоа официјалниот резултат нема да биде познат уште неколку денови, а може и неколку седмици.