Претседателот Доналт Трамп се закани дека може да прогласи итна состојба и да ги употреби своите извршни овластувања за изградба на ѕид на границата со Мексико. Како што пишуваат американските медиуми, тој сака да преговара за ова прашање со Конгресот, но доколку сака би можел да постапи поинаку.
Трамп изјави дека несогласувањата со членовите на Конгресот околу ѕидот, поради што дојде до делумно блокирање на сојузната влада, ќе бидат решени и пред очекуавњата на сите. Во САД од 22 декември трае делумно блокирање на администрацијата поради конфликтот околу барањето на Трамп за финансирање на изградба на ѕид на границата со Мексикo.