Американскиот претседател Доналд Трамп пристигна во Њујорк каде што ќе учествува на годишното заседание на Генералното собрание на Обединетите нации.
Американската амбасадорка во ОН Ники Хејли изјави дека тој во неговиот говор ќе зборува за Иран, за случајот со труењето на рускиот шпион Сергеј Скрипал во Англија, за хемиското оружје и за Северна Кореја. Американскиот претседател денеска ќе говори и на состанокот со глобалната трговија на дроги.
Предвидено е Трамп во Обединетите нации да се сретне и со францускиот претседател Емануел Макрон и британската премиерка Тереза Меј.