Свет 05. ноември 2020. / 17:08

Трамп пресече: Запрете го броењето!

Трамп пресече: Запрете го броењето!

Два дена по рекордната излезност на изборите, победникот ќе се решава според оној кој ќе ги добие Аризона, Висконсин и Мичиген каде сѐ уште се бројат гласови. Моментално, поблиску до Белата Куќа е Џо Бајден на кого му фалат уште неколку гласови од повеќе сојузни држави, но сѐ уште е рано да се шпекулира.

Американскиот претседател Доналд Трамп во неговото четиригодишно владеење беше познат по твитовите со кои секојдневно ги објавуваше сопствените новости. Денеска тој на Твитер пресече со краток и јасен твит: Запрете го броењето!

Коментарите на Трамп доаѓаат во моментот кога неговата кампања покрена правни активности во неколку држави во обид да го запре броењето на гласовите, тврдејќи дека нема транспарентност. Сепак, кампањата на Трамп изрази надеж дека континуираното броење во Аризона може да го надмине водството на Бајден во државата.

Дополнително, тој преку Твитер ја информираше јавноста дека секој глас кој пристигнал по денот на изборите нема да се брои, а тој ќе направи сѐ во негова моќ да го оствари ова.