Свет 18. септември 2020. / 15:57

Трамп пресече: Од недела забрана за „Тик ток“

Трамп пресече:  Од недела забрана за „Тик ток“

Американскиот претседател, Доналд Трамп, одлучи да преземе радикален потег против кинеските апликации.

Министерството за трговија на САД објави дека од недела ќе ги забрани бизнис-трансакциите помеѓу САД и апликациите „Тик ток“ и „Вечат“.

Ова значи дека, почнувајќи од задутре, ќе биде невозможно да се преземат тие апликации на територијата на САД.

Набргу ќе се открие дали американскиот „Оракл“ ќе преземе дел од бизнисот на „Тик ток“ во таа земја и не е јасно дали оваа објава на американското Министерство за трговија значи дека Трамп нема да објави што се случува на релацијата „Оракл – Тик ток“ до недела.

„Под упатства на претседателот презедовме значителни чекори за борба против кинеската злоупотреба на податоците на американските граѓани“, рече државниот секретар, Вилбур Рос.