Свет 07. јануари 2021. / 10:35

Трамп попушти: Мирно ќе ја предадам власта, но ова е само почеток на борбата

Трамп попушти: Мирно ќе ја предадам власта, но ова е само почеток на борбата

Американскиот претседател во заминување, Доналд Трамп вети мирно предавање на власта откако Конгресот потврди дека Џо Бајден е победник на претседателските избори во САД.

-Иако целосно не се согласувам со резултатите од изборите, а фактите ме поддржуваат, на 20 јануари ќе дојде до мирно предавање на власта, порача Трамп по што не пропушти да ги каже своите тврдења за изборна измама.

Тој додаде дека борбата не запира.

-Секогаш сум велел дека ќе ја продолжиме борбата за да се обезбеди пребројување само на легалните гласови. Иако ова претставува крај на најголемиот прв мандат во историјата на претседателството во САД, тоа е само почеток на нашата борба да ја направиме Америка голема, порача Трамп.