Свет 18. октомври 2018. / 23:02

Трамп: По убиството на новинарот Кашоги, американско-саудијските односи се во криза

Трамп: По убиството на новинарот Кашоги, американско-саудијските односи се во криза

Претседателот Доналд Трамп призна дека наводите дека принцот на Саудијска Арабија наредил убиство, покренале длабоки прашања во врска со американскиот сојуз со Саудиска Арабија и ја предизвикале една од најсериозните надворешно-политички кризи во неговото претседателствување.

Претседателот на САД Доналд Трамп вечерва изјави дека верува оти саудискиот новинар Џамал Кашоги е мртов и изрази уверување во разузнавачките извештаи од повеќе извори кои силно сугерираат улога на Саудиска Арабија на високо ниво во атентатот на Кашоги.

Трамп не кажа дека принцот на Саудиската Круна, Мохамед бин Салман, е одговорен за смртта на Кашоги. Но,

“Ова, за жал, ја зафати имагинацијата на светот, за жал”, изјави Трамп за новинарите од Њујорк тајмс во кратко интервју во Овалната канцеларија.

“Тоа не е позитивно. Не е позитивно” – изјави Трамп.

“Ако не се случи чудото од сите чуда, би признал дека е мртов”, рече Трамп.

“Тоа е врз основа на сите разузнавачки информации кои доаѓаат од секоја страна”, заклучи тој.