Свет 25. ноември 2020. / 18:21

Трамп одржа говор за Денот на благодарноста, се заблагодари на целиот медицински персонал

Трамп одржа говор за Денот на благодарноста, се заблагодари на целиот медицински персонал

Aкуелниот претседател на САД, Доналд Трамп, ја отвори празничната сезона со традиционалното помилување на мисирка. Настанот се случи синоќа во Белата куќа. Трамп одржа говор за Денот на благодарноста, а првенствено се заблагодари на медицинскиот персонал.

Трамп синоќа на настан во Белата куќа ја отвори оваа сезона со традиционалното помилување на мисирката Корн.

– Погледнете во оваа убава убава птица. Корн, се ти се посреќи. Со ова те помилувам, рече претседаелот со подигната рака.

Пред да го стори тоа, Трамп одржа говор во еден „тажен спектакл со малку публика,“ фалејќи ги добрите берзански индекси и благодарејќи на американските војници и безбедносни сили, кои ја „прават Америка безбедна, ја прават голема, и како што велем, ја ставаат Америка на прво место“.

Даде зборови на благодарност и за сите доктори и медицински персонал, во првиот борбен ред против пандемијата.

Говорот на Трамп не се разликуваше многу од неговите претходни, додека демократот Џо Бајден формираше тим сличен на оној од времето на Барак Обама, со експлицитно одрекување од „Америка на прво место“.