Свет 23. декември 2018. / 19:18

Трамп објави кој ќе биде новиот државен секретар за одбрана

Трамп објави кој ќе биде новиот државен секретар за одбрана

Американскиот претседател преку Твитер објави дека е најдена замена за Џејмс Матис кој замина од функцијата државен секретар за одбрана.

Заменик министерот за одбрана Патрик Шенахан ќе ја преземе оваа функција од 1 јануари 2019 година.

-Задоволство ми е да објавам дека нашиот талентиран заменик министер за одбрана Патрик Шенахан ќе ја продолжи работата како вршител на должност државен секретар за одбрана од 1 јануари 2019 година. Патрик има голема листа на постигнувања додека работеше како заменик министер и претходно во „Боинг“. Ќе биде одличен, напиша Трамп на Твитер.