Свет 14. јуни 2020. / 10:30

Трамп: Не е работа на американската војска да решава стари конфликти во далечни земји

Трамп: Не е работа на американската војска да решава стари конфликти во далечни земји

Американскиот претседател Доналд Трамп пред дипломците на воената академија Вест поинт порача дека негова работа е да ги брани виталните интереси на САД, а не да води бесконечни војни во далечни земји.

Неговтата изјава уследи откако се соочи со критики поради плановите за повлекување на речиси 10.000 војници од Германија.

Ја завшуваме ерата на бесконечни војни, истакна Трамп.

Претседателот додаде дека задачата на американскиот војник не е да ги обновува меѓународните односи туку да ги брани САД од странскиот непријател.

Не е работа на американската војска да решава стари конфликти во далечни земји, за кои многу луѓе никогаш не слушнале – посочи Трамп.

Американскиот претседател се осврна и на расната нееднаквост во САД, истакнувајќи оти кадетите се пример на американската разновидност.

Дојдовте овде и од села и од градови, од големи и мали држави, различни раса, вера и боја. Но, кога влеговте во овој комплекс, станавте дел од еден тим и едно семејство, кое гордо служи на американската нација – истакна Трамп.