Свет 10. ноември 2018. / 21:57

Трамп: Навредливо е што Макрон зборува за европска војска

Трамп: Навредливо е што Макрон зборува за европска војска

Претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека е „мошне навредливо“ тоа што францускиот претседател, Емануел Макрон, предлага Европа да создаде своја сопствена војска за да се заштити од возможни непријатели, вклучувајќи ги и САД.

-Мошне навредливо. Но, можеби Европа прво треба чесно да го плати својот долг кон НАТО, кого на големо го субвенционираат САД- напиша Трамп на твитер.