Свет 19. декември 2020. / 20:14

Трамп на Твитер: Можеби одговорност за кибер нападите треба да понесе Кина, а не Русија

Трамп на Твитер: Можеби одговорност за кибер нападите треба да понесе Кина, а не Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп наведе денеска дека „медиумите кои шират лажни вести“ го претставуваат неодамнешниот хакерски напад врз САД многу посериозен отколку што навистина е, и дека за него веројатно е повеќе одговорна Кина, отколку Русија.

– Запознаен сум во целост и се е под контрола. Русија, Русија, Русија е главната приказна кога и да се случи нешто бидејќи „лажниот мејнстрим“ (Лејмстрим), пред се од финансиски причини, е преплашен од разговор за можноста дека можеби е одговорна Кина (а би можела да биде), наведе Трамп на Твитер.

Претседателот во заминување додаде дека е можно дека за време на изборите биле хакирани „смешните гласачки машини“.

– И нашите смешни гласачки машини можеби беа нападнати за време на изборите, за кои сега е очигледно дека победив со голема разлика, што го прави сето тоа уште покорумпирана срамота за САД, напиша Трамп.