Американскиот одбранбен контрактор Lockheed Martin Corp планира да и понуди на Јапонија нов дизајн на борбен авион базиран на забранетиот за извоз Ф-22 Раптор и напрдниот Ф-35 Молња II, пренесува Ројтерс.
Компанијата разговарала за идејата со јапонското министерство за одбрана и ќе достави официјален предлог како одговор на јапонското барање за информации, откако ќе добие дозвола од владата на САД за понуда на оваа чувствителна воена технологија.
Одлуката за тоа дали да се издадат делови од високо класифицираните дизајни на борбени авиони и софтвер, за да се помогне на Јапонија да биде пред Кина, ќе го тестира ветувањето на претседателот Доналд Трамп за промена на политиката на извоз на оружје од САД.