Свет 11. мај 2018. / 22:25

Трамп му се заблагодари на Сингапур за прифаќање да биде домаќин на неговиот состанок со Ким

Трамп му се заблагодари на Сингапур за прифаќање да биде домаќин на неговиот состанок со Ким

Американскиот претседател Доналд Трамп му се заблагодари на сингапурскиот премиер Ли Хсиен Лун за подготвеност да обезбеди место за неговата средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, информираат од Белата куќа

Американскиот претседател во телефонскиот разговор со сигапурскиот премиер му се заблагодарил што се согласил да биде домаќин на состанокот меѓу двајцата лидери на 12-ти јуни.

Трамп и Лун, исто така, разговарале за регионалните безбедносни прашања и го потврдиле партнерството меѓу двете земји.

Сингапурското МНР рече дека за земјата е чест да биде домаќин на таков „историски и значаен настан” и ќе направи се што е во негова моќ за да помогне во одржувањето на „глатка и успешна средба”.

Сингапурскиот премиер го покани американскиот претседател на официјалната посета во ноември, а Трамп рече дека ќе се обиде да дојде.