Свет 29. ноември 2020. / 22:06

Трамп ќе се кандидира за претседател на следните избори?

Трамп ќе се кандидира за претседател на следните избори?

Американскиот претседател Доналд Трамп размислува да објави дека ќе се кандидира за претседателските избори во 2024 година, доколку официјално биде потврдена победата на Џо Бајден на општите избори на 3 ноември.

Според Индепендент тоа може да го стори за време на церемонијата на инаугурација на Џо Бајден на 20 јануари 2021 година.

Наводно, околу 47% Американци поддржуваат учеството на актуелниот шеф на државата во претседателската трка во 2024 година, покажуваат претходно објавените резултати од анкетата спроведена од „The Hill“ и „Harris Research Service“.