Американскиот претседател Доналд Трамп ја прогласи за „мртва“ програмата DACA, која ги штити имигрантите кои се дојдени нелегално во САД како деца. Трамп исто така извршил и притисок на Конгресот на САД за да го усвои законот за обезбедување на границата со Мексико.
„DACA е мртов, бидејќи на демократите не им беше грижа ниту реагираа“, напиша Трамп на својот Твитер профил, додавајќи дека сега сите сакаат да ги искористат поволностите од таа програма.