Свет 07. декември 2018. / 19:17

Трамп ја именува поранешната новинарка за амбасадорка на САД во ОН

Трамп ја именува поранешната новинарка за амбасадорка на САД во ОН

Американскиот претседател денеска ги објави имињата на двајца важни позиции во неговата администрација.

Трамп објави дека ја именува Хедер Науерт, поранешна новинарка во телевизијата Фокс за амбасадорка на САД во Обединетите нации , додека Вилијам Бар , поранешниот соработник на починатиот претседател Џорџ Буш го именуваше за министер за правосудство.

Науерт лани беше рпомовирана во портпарол на американската дипломатија , иако немаше никакво претходно искуство.

Исклучително е надарена и паметна жена. Мислам дека сите ќе ја почитуваат, рече Трамп во Белата куќа по нејзиното именување.

Науерт (48) , која има дипломирано новинарство на Универзитетот во Колумбија, ја почна кариерата во АБЦ , за да премине во телевизијата Фокс. Досегашната амбасадорка во ОН, Ники Хајли поднесе оставка на почетокот на октомври.

Трамп денеска објави и дека го именува Вилијам Бар (68) , угледен републикански правник, за министер за правосудство , кој на истата позиција бил и за време на мандатот на претседателот Џорџ Буш постариот. Двете именувања преба да ги потврди Сенатот.