Речиси 30 проценти од гласовите на овие избори кои се испратени преку пошта би можеле да бидат поништени, тврдат американски политички аналитичари.
Во изминатиот период, Трамп најави дека ова ќе биде тешка битка, дека гласањето преку пошта и во отсуство ќе биде искористено од страна на демократската партија со цел фалсификување на изборите. Тој во меѓувреме има формирано тим од адвокати и други правни експерти, кои според него ќе бидат клучни во битката пред Врховниот суд каде што ќе се докажува вината за фалсификување на овие избори.
Доколку Трамп и неговиот тим се во право и Врховниот суд пресуди во негова корист, може со сигурност да се каже дека тој ќе биде победник на овие избори.
Трамп на својот Твитер профил напиша дека се случува нешто чудно, дека неговото водство во клучните држави почнало да опаѓа токму при пребројувањето на гласовите испратени преку пошта. Тој додаде дека анкетите повторно направиле голема грешка, слично како и на изборите во 2016-та.