Денеска претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека ако се покаже потребно, американската армија ќе се вклучи во изградбата на ѕидот кон Мексико.
Според него, ова сценарио е возможно доколку за идејата не добие доволен број гласови во Конгресот.
-Ако демократите не ни дадат гласови за безбедноста на нашата земја, војската ќе го изгради ѕидот, напиша Трамп на „Твитер“ пред средбата со двајца демократи од Конгресот.