Свет 19. февруари 2018. / 22:40

ТРАГЕДИЈА: Татко и 11 годишната ќерка загинале од снежна лавина

ТРАГЕДИЈА: Татко и 11 годишната ќерка загинале од снежна лавина

Татко и ќерка загинале од лавина снег додека скијале на француските Алпи, соопштија спасувачите.

43-годишниот маж и неговата 11-годишна ќерка, од регионот на Париз, исчезнале во глечерската област Писаилас во Валдизер.

Целата област била затворена поради ризик од лавина.

Таткото и ќерата биле пронајдени мртви вчера на висина од околу 2.930 метри.

Властите покренале истрага за трагедијата која настанала откао спасувачките групи предупредиле скијачите да се држат астрана од означените стази.

Нивното исчезнување вчера предизвикало голема потрага во која биле вклучени хеликоптери и спацувачки екипи.