Свет 25. април 2018. / 11:53

Трагедија: Мајка си ја усмртила ќеркичката со пиштол кој… !

Трагедија: Мајка си ја усмртила ќеркичката со пиштол кој… !

Од прострели рани убиени се 184 бебиња до една година, 223 едногодишни и 294 двегодишни деца.

Полицијата и брзата помош стигнале околу 11 часот навечер во Виклиф, каде што го затекнале девојчето со прострелна рана во пределот на градите.

Мајката од Охајо случајно со огнено оружје ја усмиртила својата двегодишна ќерка. Неименуваната жена му раскажала на операторот на брзата помош дека пиштолот испалил кога и паднал од рака во хотелот во околината Кливленд (Охајо).

– Пиштолот ми беше осигурен кога ми падна од рака и ја погоди. Пиштолот ми падна, ми се испушти од рака. Мртва е. Мојата малечка е мртва. Не дише. Мртва е – рекла жената после повикна брза помош во петоткот во 22 часот, пренесува телевизијата АБЦ-5.

Детето подоцна подлегнало на повредите во болница. Полицијата во Виклифт соопштила дека мајката имала дозвола за прикриено носење на оружје и се укажува на тоа дека пиштолот случајно испукал.

– Баш ми е гајле дали има дозвола за прикриено носење оружје. Детето умре поради опседнатост на Американците со смртоносно оружје и нивните “правила”. Престанете да ги убивате децата само затоа што можете – напишала корисничка на Фејсбук, коментирајќи го трагичниот настан, пренесува Идепендент.Овој трагичен настан е последен во низа во САД во кои малите децата се жртви.

Спрема податоците на американскиот центар за контрола на превенција на болести, од 1999 до 2016 година од последица на прострелни повреди во САД умреле 1.689 деца до пет години возраст, вклучувајќи и 184 бебиња до една година, 223 едногодишни деца и 294 двегодишни деца.