Свет 09. јули 2019. / 11:16

Трагедија: Едногодишно девојче загина при пад од 11 кат на крузер во Порторико

Трагедија: Едногодишно девојче загина при пад од 11 кат на крузер во Порторико

Едногодишно девојче загина во неделата, откако се лизнало од раката на неговиот дедо и паднало од 11. кат на крузер подготвен да отплови од Порторико.

Полицијата вчера ги потврди зборовите на дедото на девојчето, идентификуван како Салватор Aњело, дека внуката му испаднала од рака додека ја држел на прозорец на 11. кат на крузерот „Слобода на морињата“, тогаш закотвен во Сан Хуан, Порторико, пренесува „Инди стар“.

Потврдено е дека таткото на девојчето е полицаец и дека семејството е по потекло од градот Гренџер во Индијана.

Компанијата „Кралски Кариби“ на која припаѓа крузерот „Слобода на морињата“, изрази длабоко жалење поради загинатото девојче.

Нашиот тим ќе се обиде да му помогне на несреќното семејство на секој можен начин, а од почит кон нивната приватност нама да го коментираме инцидентот – изјави портпаролката Мелиса Чарбоне.

Секретарот на порториканското министерството за јавна безбедност, Елмер Роман, рече дека дедото го држел девојчето кога му се лизнало од рака, но не потврди дали детето паднало од прозорец или балкон на крузерот.

Наредникот Нелсон Сотело од полицијата во Порторико изјави дека семејството е во шок и дека ќе остане во Порторико до крајот на истрагата, во која е вклучен и дедото.