Мелиса Мишел Адамсон од Колорадо Спрингс е осудена на 24 години затвор, откако нејзиниот 2-годишен син се застрелал со пиштол за кој сметал дека е играчка. Трагедијата се случи во октомври 2018 година, а на судењето мајката се изјасни за виновна и рече дека нејзиниот син Локи Блум постојано играл со пиштолот на вода и пиел вода од него, пренесува Дејли Меил.
Момчето го пронашло пиштолот на неговата мајка, кој бил наполнет, а потоа, моменти подоцна, случајно се застрелало.
–Ова е еден од најтешките случаи што сум го видел досега – рече судијката Линда Билингс-Вела.
Taa ја осуди мајката зависник од метамфемин на 12 години за злоупотреба на деца, како и две шестгодишни казни за поттикнување на деликвентно однесување кај малолетник. Адамсон ќе ја издржува казната последователно.
Од полицијата соопштија дека во моментот на пристигнувањето, мајката го држела детето во раце, но и покрај сите напори, малото дете починало во болницата.
Адамсон призна дека била третирана од зависност од метамфетамин и го наполнила пиштолот бидејќи добила заканувачки пораки од дилери. Како и да е, полицијата пронашла игли и наркотична параперталија на дофат на нејзиниот син.