Свет 20. јули 2018. / 12:01

Торнадо ненадејно ја погоди Ајова – десетици повредени

Торнадо ненадејно ја погоди Ајова – десетици повредени

Најмалку 17 лица се повредени во серијата торнада што ја зафатија американската сојузна држава Ајова.

Најмногу повредени имало во градот Маршалтаун, каде се урнала куполата на старата судска зграда, како и во фабрика во градот Пела.

Метеролозите биле изненадени од торнадата и велат дека ништо не укажувало дека се подготвува толку силна бура.